Алжирките ѝ го предадоа петтото место на Македонија во Фед-купот

Македонската женска тениска селекција го освои петтото место во Фет-купот во третата евро-африканска зона, откако денеска со 2-1, младите тенисерки го победија Алжир.

Во мечот за разигрување, Македонија по првиот сингл меч беше во негатива, откако Јана Таневска загуби од Јасмин Буџади со 6-3, 1-6, 2-6, но потоа следеа две победи и тоа само поради тоа што противникот ги предаде мечевите.

Амира Бенаиса го предаде својот дуел со Ана Ристевска, откако нашата тенисерка го освои првиот сет со 6-3, а потоа во дуелот во дубл, Алжирките се повлекоа поради повреди и Македонија службено го доби и тој меч за на крајот да го обезбеди петтото место на Фед-купот, кој се одржа во Тунис.

Македонија во групата загуби од Ерманија и од Литванија, а го победи Исланд.