Алкараз: Сакам да освојам два златни медали во Париз!

Турнирот во тенис на Олимписките игри ќе почне на 27 јули, а главен кандидат за пехарот ќе биде Карлос Алкараз кој вчера го освои Вимблдон.

Алкараз пред следниот предизвик кажа дека има високи амбиции и сака да освои два златни медали во Париз.

„Ќе уживам со пријателите пред следниот турнир, но едвај чекам да почнат Олимписките игри. Одиме на два златни медали“, кажа Алкараз.

Шпанецот ќе се бори за злато во сингл-конкуренција, но и во двојки каде што ќе настапи со Рафаел Надал.