Алкараз ја изнервира публиката по пласманот во финале на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е првиот финалист на Вимблдон, откако го совлада Данил Медведев со 3-1 во сетови.

Алкараз по натпреварот ги сподели неговите импресии и со една изјава ја налути публиката на Вимблдон. Тој најави победа во финалето, па мораше да им се извини на анвивачите затоа што в недела се игра и финалето од Европското првенство.

„Ќе биде тоа добар ден за Шпанците. Не реков дека Шпанија ќе победи, кажав дека ќе биде забавен ден. Ме очекува тежок натпревар, ќе биде интересен дуел“, кажа Алкараз и се обиде да го оправда претходниот коментар.