Алкараз го распарчи првиот ривал на стартот на Ролан Гарос

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз без проблеми го декласираше Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро со 3-0 во сетови, односно 6-4, 6-2 и 6-0 во првото коло на Ролан Гарос.

За победата на стартот на вториот гренслем-турнир во сезоната на Шпанецот му беа потребни помалку од два часа, па Алкараз покажа дека ќе биде еден од главните кандидати за титулата.

Алкараз во второто коло од турнирот ќе игра против Алберто Рамос, кој по пресврт беше подобар од Танаси Кокинакис со 3-1 во сетови.