Алкараз: Димитров направи да изгледам како да имам 13 години! (ВИДЕО)

Карлос Алкараз во четвртфиналето го заврши настапот во Мајами откако ноќеска во два сета (2-6, 4-6) загуби од бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Димитров одигра совршена партија, една од неговите најдобри во кариерата, беше беспрекорен, а по мечот тоа го призна и Алкараз.

„Тој направи да се чувствувам како да имам 13 години. Беше лудо. Зборував со мојот тим, велејќи им дека не знам што треба да правам, не знам. Не ги знаев неговите слабости, не знаев ништо. Затоа сум фрустриран сега. Но го напуштив теренот среќен со моето ниво“, изјави Алкараз по мечот.

Димитров се изнасмеа кога му го кажаа коментарот на Алкараз по мечот.