
Хрватска доби наследничка на Костелиќ - освојувачка на Мал глобус!
Љутиќ повторно успеа да ја израдува хрватската јавност, со тоа што ѝ го донесе шестиот Мал кристален глобус во слалом на Хрватска. Претходно три освои Јаница Костелиќ (2001, 2003 и 2006 година), додека два освои нејзиниот брат Ивица Костелиќ (2002 и 2011).
Младата Љутиќ во генералниот пласман на Светскиот куп се наоѓа на четвртото место со 816 бодови, односно 778 поени помалку од победничката Федерика Брињоне.
„Конечно го освоив. Знаев дека ќе успеам, но не знаев како. Второто возење беше тешко, не беше ова мое најдобро издание, но успеав во намерата. Пораснав додека ја гледав Јаница, а сега го држам Кристалниот глобус во моите раце“, кажа Љутиќ.