
Берлин сака да биде домаќин на Олимписки игри – првпат по нацистичките на Хитлер!
Според министерката за спорт, Ирис Шпрангер, главниот град планира да организира одржливи и не многу скапи Олимписки и Параолимписки игри, користејќи ги веќе постојните спортски објекти. Берлин, сепак, не е единствениот германски кандидат – за домаќин на Олимпијадата заинтересирани се и Минхен, Хамбург и регионот Рајна-Рур. Германската олимписка спортска федерација ќе одлучи кој град ќе ја претставува земјата во трката за домаќинство до есента 2026 година.
Берлин беше домаќин на едни од најконтроверзните Олимписките игри во предвечерјето на Втората светска војна, кои останаа запаметени по настапот на американскиот атлетичар Џеси Овенс, кој освои четири златни медали пред очите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. Следните ЛОИ ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година, а потоа во Бризбејн во 2032 година.
ФОТО: EPA PHOTO