Општа тепачка меѓу навивачите на ПСЖ и Интер – летаа факели и топовски удари (ВИДЕО)

Неколку часа пред почетокот на финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Интер, на улиците на Минхен се случува вонредна состојба.

Според светските медиуми, дојде до сериозни инциденти меѓу навивачите на финалистите, при што најголемиот хаос се случил во метрото на главниот град на Баварија. Првиот судир се случил кога навивачите на Интер поставиле заседа и физички се пресметале со ултрасите на ПСЖ. Насилствата ескалирале на следната станица, каде што се фрлале факели и се слушале пиротехнички експлозии, што довело до паника и масовно бегство на патници.

Цел ден состојбата во Минхен е напната, а германската полиција и локалните власти презеле максимални мерки за безбедност. Иако натпреварот сè уште не започнал, тензијата веќе го достигнува врвот, особено меѓу навивачите на двата клуба.