И Галевски е само човек: Драмата која му донесе финале на Вардар (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар по голема драма и изведување на пенали се пласираа во финалето од Купот на Македонија каде што ќе го чекаат подобриот од вечерашното второ полуфинале помеѓу домаќинот Охрид - Пелистер.

Беше одличен Галевски во текот на целиот натпревар, имаше вкупно 16 одбрани, но во пенал серијата сепак немаше решение за ракометарите на Вардар и го одбрани само ударот на Пинто, додека за Алкалоид не реализираа Георгиевски и Митев.