
Eспиња: Не е важно со кого ќе играме во финалето - го сакаме трофејот во Скопје!
За чуварот на мрежата на „црвено-црните“ не е важно кој ќе биде противникот во утрешното финале за кое се борат Охрид и Пелистер.
Ова беше многу тежок натпревар. Алкалоид е доста силен тим, одигравме многу ситуации еден на еден и беше навистина тешко во одбрана моравме да сме фокусирани сите 60 минути и ни успеа. Во пенал серијата се обидовме да бидеме смирени, јас дадов свој максимум и успеав да одбранам два. Не е важно кој ќе ни биде ривал, сакаме да се надигруваме и да го однесеме трофејот во Скопје. Моментално сме во навистина одлична форма и треба да го задржиме моментумот, без разлика дали ривал ќе биде Пелистер или Охрид“, изјави Еспиња.
Финалето е закажано во терминот одд 17:30 часот.