Млади македонски каратисти заглавиле во Албанија - им се расипал и вториот автобус!

Околу стотина млади каратисти од Македонија, во организација на Карате федерацијата на Македонија, на 30 мај заминаа на Балканското првенство во Црна Гора. Меѓутоа, наместо убаво портско искуство тие се соочиле проблеми какви што не смеат да се случуваат.

Според информациите на „24инфо““ автобусот имал проблеми од самото доаѓање и едно од тркалата излегло од своето лежиште, а само среќата спречила сериозна несреќа. Децата чекале со часови на патот, додека се обезбеди замена. Но, тоа бил само почеток на низата проблеми.

По пристигнувањето, младите спортисти биле сместени во хотел со, како што велат родителите, крајно незадоволителни и нехигиенски услови, далеку од ветеното. Наместо достоинствен престој за репрезентативци кои ја претставуваат државата, децата биле соочени со импровизации и лош третман.

Проблемите не изостанале ниту за враќањето, автобусот со кој требало да се вратат назад во Македонија повторно имал проблеми, па децата како што пишува „24инфо“ веќе со часови се аглавени во Албанија. Многумина останале без батерии на телефоните, што ја зголемило загриженоста кај родителите кои немале контакт со своите деца.

За целиот пакет родителите платиле речиси 14.000 денари по лице.