
Невиден скандал: Јанакопулос се заканувал дека ќе ја силува ќерката на газдата на Олимпијакос
Така беше и синоќа, на вториот меч од финалната серија меѓу неговиот тим и Олимпијакос во Пиреја од кој тој беше избркан уште пред почетокот. Олимпијакос објави дека јавен обвинител издал налог за апсење на Јанакопулос, но првиот човек на ПАО некако избегал од арената. Скандалозни се информации што ги изнесе генералниот директор на Олимпијакос, Никос Лепениотис кој тврди дека Јанакопулос вмешал и членови на фамилијата во своите кавги.
„Конкретната навредлива фраза беше нереална и одвратна. Дојде кај нас два пати и рече: Одете и кажете му на Ангелопулос (сопственикот на Олимпијакос н.з.) дека ќе му ја силувам ќерката пред него. Тоа го слушнаа бројни сведови, луѓе од неговото обезбедување, како и од Панатинаикос. Обвинител потоа наложи негово апсење, Јанакопулос почна да вика, се обиде да влезе на терен, но полицијата интервенираше“, тврди Лепениотис.
Капак на се е тоа што во обид Јанакопулос да избега, со возилото во кое се наоѓал за малку ќе прегазел полицаец што се обидел да го запре пред арената во Пиреја.