
Енрике и Инзаги ги одбраа хероите за епската битка во Минхен – нема изненадувања!
„Светците“ досега никогаш не било на врвот, додека миланезите последен пат славеа во 2010 година со Жозе Мурињо и нашиот Горан Пандев во тимот. Тренерите Луис Енрике и Симоне Инзаги ги одредија стартните состави за епското финале, во кои нема никакви изненадување.
ПСЖ: Донарума – Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш – Жоао Невеш, Витиња, Фабијан Руиз – Дуе, Квараскелија, Дембеле.
Интер: Зомер – Паваар, Ачерби, Бастони – Думфрис, Барела, Чалханоглу, Мхитарјан, Димарко – Тирам, Лаутаро Мартинез.
ПСЖ имаше тежок пат до финалето, елиминирајќи три англиски тима во нокаут фазата. По убедливиот триумф над Брест во плеј-офот (вкупно 10-0), ПСЖ го исфрли Ливерпул по пенали, по што следуваа тесни дуели против Астон Вила и Арсенал. Дембеле беше херој во Лондон со победнички гол за 1-0, а Фабијан и Хакими го потврдија пласманот на „Паркот на принцовите“ со победа од 2-1. Во групната фаза, ПСЖ заврши на 15. место и едвај обезбеди пласман во нокаутите, со само два бода повеќе од Динамо Загреб.
Интер имаше поуспешна групна фаза и заврши на четвртото место со 19 бодови од можни 24. Во нокаут фазата го елиминираше Феенорд, Баерн Минхен и Барселона. Последниот дуел со каталонскиот гигант се смета за еден од најдобрите во историјата на ЛШ - 3-3 во Барселона, а 4-3 за Интер во Милано по продолженија.
ФОТО: EPA PHOTO