
Лазаревски: Денеска нè посака среќата, „Комити“ ќе ни бидат важни во финалето!
По натпреварот своите впечатоци ги искажа пикерот на Вардар, Милан Лазаревски кој истакна дека, иако немаат многу време, ќе мора добро да се подготват и да го анализираат противникот пред финалето.
„Мора прво да се консолидираме, а дури потоа ќе се насочиме кон финалето. Ќе направиме добра анализа. Навистина ова беше тензичен натпревар, се направи набој уште од стартот меѓу играчите. Мило ми е што и покрај такви околности извојувавме победа на пенали. Мислам дека малку на крајот нè посака среќата, а секако ќе ја анализираме средбата за да направиме добар план за утрешното финале. Нашите навивачи се зад нас и во добро и во лошо, не треба ништо посебно да им порачам. „Комити“ знаат да си ја вршат својата задача и нивната улога е и тоа како битна во нашиот успех како тим“, изјави Лазаревски.
Финалето во кое Вардар ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Охрид и Пелистер е закажано за в недела од 17:30 часот.