
Милано: Покажавме темперамент, но и студена глава – горд сум на момците!
Тренерот на вардарци, Гиљермо Милано, по завршувањето на натпреварот во салата „Билјанини Извори“, ја сподели својата гордост, потенцирајќи дека ќе почнат да размислуваат за финалето дури по исходот од второто полуфинале.
„Честитки до мојот тим за оваа голема победа, тие направија ова да е возможно. Сега малку ќе уживаме, да видиме кој ќе ни биде ривал, дури потоа ќе размислуваме за утрешниот натпревар. Во пенал-серијата покажавме карактер, со оглед што Алкалоид го има најдобриот голман за седмерци во лигата, па да ги победиш е многу тешко. Моите ракометари покажаа темперамент и мирна глава, па многу сум горд на нив“, изјави Милано.
Вардар во финалето ќе се соочи со победникот од пресметката помеѓу домаќинот Охрид и Пелистер.