Одбојкарите со нов пораз го завршија настапот на Медитеранските игри!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со втор пораз го заврши настапот на Медитеранските игри (МИ) во Алжир, откако денеска загуби убедливо во пресметката со Италија (19-25, 16-25, 23-25), која е прв фаворит за златниот медал.

Нашите одбојкари ги загубија лесно првите два сета во дуелот со Италијанците, додека нешто поголем отпор пружија само во третиот сет.

Претходно, жолто-црвените загубија од Египет и како убедливо последна во групата А не обезбеди пласман во следната фаза.