Македонската одбојкарска репрезентација триумфираше на гостувањето кај Унгарија со 3-2 во првото коло во квалификациите за Европското првенство во 2019 година. 

Се играше тешко и неизвесно во текот на сите пет сета, но Македонија ги освои првите два со по 25-23. Унгарците вратија со иста мера и со идентичен резултат во третиот и четвртиот сет за 2-2. 

Во петиот решавачки сет нашите одбојкари го диктира водството, но најчесто со два разлика, а на крајот беше крајно неизвесно, но капитенот Никола Ѓоргиев успеа да го освои последниот поен и да заврши со вкупно 40 поени за конечни 14-16. 

На вториот дуел во нашата група Г, фаворитот Украина со максимални 3-0 ја совлада Швајцарија. Во следното коло на домашен терен на 19 август играме со Украина, додека Швајцарија ја пречекува Унгарија.