Ѓорѓи Ѓорѓиев има нов клуб, се врати во Франција

Репрезентативецот на Македонија, Ѓорѓи Ѓорѓиев својата кариера ја продолжува во Фрранција и тоа во редовите на Поатје, потврди францускиот клуб.

Францускиот прволигаш во потврдата за ангажманот на Ѓорѓиев истакнуваа дека добива одбојкар со големо искуство и настапи во земји како Турција, Франција Полска.

Претходно во Франција, Ѓорѓиев од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Париз, додека во минатата сезона беше дел турската одбојка и тимот на Пазарџик. 

Во овој клуб за првпат на клупски план надвор од Македонија беше во ист клуб со својот брат и капитен на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев кој во меѓувреме се пресели во Романија во Рапид.

Фото: Gjorgi Gjorgiev/FB