Претседателот на УФЦ му одговори на Нурмагомедов по „заканите“ (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов конечно го доби појасот за светски шампион во лесна категорија во УФЦ и на својот „Инстаграм“ профил му упати „заканувачка“ порака на претседателот на организацијата, Дејна Вајт.  

„Дејна Вајт среќа што ми го даде појасот, инаку ќе ти ја скршев колата, знам каде паркираш“, напиша Нурмагомедов на „Инстаграм“, позирајќи со појасот светски шампион.  

Претседателот на УФЦ ја прочита пораката и брзо му одговори на Дагестанецот, па и тој му се закани со единственото нешто од кое Нурмагомедов се плаши на овој свет. 

„Ќе те кажам на татко ти“, кратко прокоментира Вајт.

„Нема шанси“, одговори Нурмагомедов. 

 

На сериозната страна од настаните во Лас Вегас пред неколку денови, Хабиб Нурмагомедов најверојатно ќе добие суспензија од шест месеци од УФЦ поради хаосот кој го предизвика по борбата со Конор Мекгрегор, откако тргна да се тепа со стручниот штаб на Ирецот.