Трагедија во Токио: Боксер почина шест дена по борбата за титула (ВИДЕО)

Јапонскиот боксер Шигетоши Котари почина од тешките повреди на главата во борбата за титулата во супер-перо категорија против Јамато Хате во Токио.

„Би-Би-Си“ објави дека 28-годишниот боксер починал по борбата на 2 август, откако претходно му била направена операција на мозокот, меѓутоа не биле санирани тешките повреди.

Светската боксерска организација и Светскиот сојуз на боксот му оддадоа почит на починатиот боксер, кој во кариерата имаше осум победи, две ремија и два порази.