Најубавата фудбалерка во светот има нов клуб

Најпопулрната фудбалерка во светот, Алиша Леман го напушти Јувентус по само една сезона помината во гигантот од Торино, но ќе остане во Италија.

Леман од „старата дама“ се прости со емотивна објава на соццијалните мрежи.

„Поздрав „бјанконери“, како сте? Сакам да ви се заблагодарам на оваа фантастична година, посебно на моите соиграчки и фантастичните навивачи. Напорната работата се исплатеше, заедно ја освоивме титулата. Ова е екипа која никогаш нема да ја заборавам. Не беше ова за мене само клуб, туку и семејство, создадов пријателства за цел живот. Зминувам од голем клуб и одлуката не беше лесна. Сите во клубот и навивачите ќе имаат посебно место во моето срце“, објави Леман.

Набрзо по таа објава стигна и потврда дека продолжува во редовите на Комо.

„Знам дека станува збор за млад клуб со јасни идеи. Не се плашат да ги прават работите поинаку. Комо има големи амбиции, не само во Италија, туку и во Европа, тоа е проект кој ги спојува, спортот, модата, културата и вистинските вредности“, изјави Леман.

Во текот на својата кариера 26-годишната фудбалерка беше дел уште од: БСЦ Фруе, Вест хем, Евертон и Астон вила.