Сонот на Балотели никогаш нема да се оствари, откри каде ќе ја заврши кариерата

Поранешниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели си замина од Џенова откако му истече договорот кој го потпиша на една година.

Контроверзниот фудбалер во изминатата сезона одигра само шест напревари, а од денес е во потрага по нов ангажман.

„Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе ми верува. Сакам да играм уште две или три сезони, а потоа ќе одам кај својот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерска екипа. Му ветив дека кариерата ќе ја завршам играјќи со него“, изјави Балотели во интервјуто за „Газета“.

Балотели сега е во потрага по својот 12. клуб, претходно настапуваше за: Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демиспор, Сион и Џенова.

Ветувше Балотели со својот потенцијал и повеќе, но веројатно и поради неговиот контроверзен карактер никогаш не успеа да ги оправда очекувањата во целост.

Фото: Genoa FC/X