
Шок во Србија: Нападнат е македонски судија, го давеа и удираа пред деца! (ВИДЕО)
Инцидентот се случи во финалниот меч во категоријата до 75 килограми меѓу Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.
Тренерот на Азербејџанецот најпрво вербално го нападна нашиот судија, а потоа влезе во рингот и почна да го дави и да го удира. Сето ова се случуваше пред полни трибини со деца кои беа дел од овој настан и како гледачи и како учесници.
Мечот веднаш беше прекинат, боксерот од Азербејџан дисквалификуван, а златниот медал го доби Виктор Мајсторовиќ.