И Меси уловен на камера на концертот на Колдплеј – за среќа не беше со љубовницата (ВИДЕО)

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси и неговата сопруга Антонела беа дел од публиката на веќе легендарниот концерт на Колдплеј во Мајами, каде што беа снимени од „Кис камерата“, што предизвика големо внимание и реакции на социјалните мрежи.

Двојката беше забележана во ВИП ложата, додека камерите ги прикажуваа на големиот екран. Меси се насмевнуваше и мавташе кон публиката, додека Антонела само дискретно се насмеа. Иако беа дел од „Кис камерата“, тие не се бакнаа, ниту, пак, „комуницираа“ со камерата. Појавата на аргентинскиот ас на екранот ја возбуди публиката, која веднаш започна да скандира „Меси! Меси!“. Атмосферата за миг прерасна од музички во спортски настан.

Водечкиот вокал на бендот, Крис Мартин, лично му се обрати на Меси од сцената.

„Лео, мој прекрасен брате. Ти и твојата сопруга изгледате прекрасно. Ви благодаруваме што дојдовте. Спортист број еден на сите времиња“, изјави тој.

Настапот на Колдплеј веќе неколку недели е во центарот на јавноста поради виралниот скандал со бизнисменот Енди Бајрон, кој на концертот беше снимен со својата љубовница.