Флик по мечот со Висел Кобе отпиша уште еден фудбалер на Барселона

Германскиот тренер Ханси Флик реши ова лето да отпише неколку досегашни фудбалери во Барселона, а списокот по мечот против Висел Кобе дополнително го зголеми.

Шпанските медиуми пишуваат дека вчерашниот дуел против Висел Кобе најверојатно ќе биде последен за Ектор Форт.

Десниот бек кој не играше премногу ниту минатата сезона не е во плановите на Флик, кој повеќе им верува на Жил Кунде и Ерик Гарсија, па затоа сака да го продаде за 10 милиони евра.

Според медиумите, неколку тимови од Шпанија и Португалија се заинтересирани за Форт, но засега нема официјални понуди.

Фото: Facebook/FC Barcelona