
Тодоровски: Реваншот ќе биде многу потежок, Лозана е одлична екипа
Натпреварот го најави и фудбалерот од средниот ред Димитар Тодоровски кој очекува во реваншот Вардар да има потешк задача.
„Лозана покажа дека е одлична екипа, но ние направивме добра анализа и заслужено победивме на првиот натпревар. Сепак, според мене сега може да очекуваме многу потежок реванш“, изјави Тодоровски.
Добра вест за Вардар пред реваншот е враќањето на Горан Закариќ во тимот кој првиот натпревар го пропушти поради повреда. Средбата во Лозана е закажана за во терминот од 20:15 часот.