Уште еден дебакл: И Србија ги прегази македонските јуниори!

Maкедонската јуниорска репрезентација денеска забележа уште еден убедлив пораз во групата „Ц“ на Европското првенство, сега од репрезентацијата на Србија која беше подобра со 89-59.

Победата Србија ја најави уште во почетните минути кога одлично го отворија натпреварот и веќе по првите десет минути имаа убедливи 24-8 и тука се најавуваше во каква насока ќе оди натпреварот.

Ништо не се промени ниту во вториот период, српските кошаркари продолжија да доминираат, па Македонија на пауза замина со негатива од огромни 26 поени разлика (49-23).

Во второто полувреме Македонија ниту еднаш не се закани, па Србија ја одржуваше високата предноста за на крајот разликата да изнесува и 30 поени.

Најефикасен во нашите редови беше Јаничиќ со 19 поени, а го следеше Ѓорѓевиќ со 14. Во претходните два натпревари македонските кошаркари беа немоќни и запишаа убедливи порази против Грција и Литванија.