Винисиус го шокирал Реал Мадрид – побарал нешто што Перез не помислува да го исполни!

Во блиска иднина Реал Мадрид би можел да се раздели со Винисиус Жуниор кој е една од трите главни ѕвезди во тимот заедо со Џуд Белингам и Килијан Мбапе, а причина се високите апетити на Бразилецот кога се финансиите во прашање.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека во овој момент има голема разлика помеѓу она што го бара Винисиус и тоа што Реал Мадрид е подготвен да го понуди за продолжување на соработката по летото 2027 година кога му истекува актуелниот договор.

Во овој момент Винисиус во Реал Мадрид добива 15 милиони евра по сезона, а ако не постигне договор за продолжување на соработката тој би можел веќе за година ипол да започне преговори со клубовите кои се заинтереирани да го доведат.

Наводно Винисиус сака да се изедначи со примањата кои ги има Килијан Мбапе. Французинот има плата исто така од 15 милиони евра, меѓутоа и бонус од 40 милиони евра за пет сезони и тоа изнесува отприлика околу осум за секоја сезона. Ако сето тоа се собере се доаѓа до износ од 23 милиони евра по сезона. Според информациите на „Мундо  Депортиво“, тоа е износ кој Перез и раководството на Реал Мадрид воопшто не помислуваат да му го понудат на Винисиус.

Винисиус во сезоната која е зад нас одигра 58 натпревари за Реал Мадрид и во нив постигна 22 гола.

Фото: Real Madrid C,F/X