Уште еден Србин во Битола: Пелистер го потврди и петтото засилување

Oд редовите на Пелистер го промовираа и петтото засилување за новата сезона, а повторно се работи за српски интернационаленц и тоа Лука Булатовиќ.

Булатовиќ е 27-годишен фудбалер на кого примарна позиција му е десното крило, меѓутоа може да игра и на левата страна. Неговиот последен ангажман беше во Горица од Словенија каде што во Втората словенечка лига собра 29 натпревари на кои постигна седум гола и подели шест асистенции.

„27-годишниот српски интернационалец Лука Булатовиќ денес потпиша едногодишен договор со нашиот клуб, веднаш откако ги мина лекарските прегледи“, објави Пелистер.

Во својата кариера претходно, Булатовиќ беше дел уште од: Раднички Сремска Митровица, АЕЛ Лекимс, Амваркио Лутру и Македоникос Неаполис. Претходно во текот на летниот преоден рок во Пелистер пристигнаа: Немања Здравковиќ, Стефан Спировски, Петар Ристиќ и Марјан Ристовски.