Одлична вест за Вардар: Црвено-црните посилни на реваншот во Лозана

Екипата на Вардар в четврток ја очекува натпреварот против Лозана на гостински терен, а пред овој дуел стручниот штаб предвоен од Гоце Седлоски доби одлична вест.

Имено, поради повреда искусниот Горан Закриќ не настапи во Скопје каде што Вардар и без него победи со 2-1, но тој ќе биде подготвен за реваншот на гостински терен потврдија од редовите на Вардар.

Секако, дека враќањето на капитенот е одлична вест и уште една причина Вардар да верува дека може да се избори за трето коло во квалификациите.

Натпреварот во Швајцарија е закажан за во терминот од 20:15 часот.