Таеквондист брутално тепал момче во Хрватска - му скокал и врз глава! (ВИДЕО)

Момче од Словенија пред неколку дена беше брутално претепано пред ноќен клуб во Хрватска, а денеска полицијата го привела Денис Војниковиќ, таеквондист и основач на франшизата „The Punch It Gym Croatia“, пишува хрватски „Индекс“.

Против 40-годишниот маж се поднесени кривични дела за нанесување на тешки телесни повреди, учество во тепачка и одбивање да се укаже прва помош.

Бруталниот напад се случил во петокот околу 1.25 часот пре ноќен клуб, а медиумите од Словенија пишуваат дека 19-годишникот добивал боксови и клоци по целото тело, па дури и напаѓачите му скокале врз глава.

Војниковиќ во минатото бил член на хрватската репрезентација во таеквондо и кикбокс, а со години работел и како кикбокс-тренер.