
Надал откако го „откачи“ Зверев: Не сакам да зборувам лошо, но тој има психички проблем!
Поранешниот тренер на Рафаел Надал го одби Зверев под изговор дека имал премногу работа во академијата, а сега даде коментар за состојбата во која се наоѓа Германецот.
„Зверев има психички проблем. Минатата година на мечот против Карлос Алкараз се случи важен момент. Кога го доби третиот сет и почна четвртиот. Зверев во првиот гем почна да се кара со својот тим и за 10 минути Карлос создаде голема предност. Не сакам да зборувам лошо, го почитувам, но мора да се промени. Може да победува, но има многу работа“, кажа тренерот.