Англичанките на пенали ја совладаа Шпанија и останаа на европскиот трон! (ВИДЕО)

Женската фудбалска репрезентација на Англија по подоброто изведување на пенали ја победија Шпанија во големото финале и повторно се европски шампиони.

Денеска се одигра финалето на женското Европско првенство, тоа беше дуел меѓу Англија и Шпанија.

Шпанија го отвори резултатот во 25. минута со гол на Калдентеј. На одморот се замина со водство на Шпанија од 1-0.

Во 57. минута Русо постигна гол за израмнување и тој резултат остана до крајот. Немаше голови ниту во продолженијата од по 15 минути, па пеналите го решаваа шампионот.

Шпанија имаше ужасна пенал серија, промашија три пенали од вкупно четири колку што шутираа. Англичанките дадоа три гола од белата точка и на крајот ја славеа одбраната на титулата.

Фото: EPA Photo