Њукасл веќе почна да бара замена за Исак - четворица на радарот

Се поизвесно станува дека Александер Исак ќе го напушти Њукасл и најверојатно ќе се пресели во Ливерпул, па клубот од Сент Џејмс Парк веќе почна да бара замена за него.

Англиските медиуми тврдат дека веќе постои список од четворица напаѓачи кои треба да го заменат шведскиот репрезентативец. Наводно, на него се Бенџамин Шешко од Лајпциг, Николас Џексон од Челси, Оли Воткинс од Астон Вила и Јоан Виса од Брентфорд.

Кого и да земе од нив, Њукасл сигурно ќе биде на добивка бидејќи од Исак се очекува да добие меѓу 120 и 140 милиони евра.