Лозана со пресврт и гол во судиското продолжение до победа пред реваншот со Вардар

Викедов официјално почна новата сезона во швајцарското првенство, а денеска Лозана го одигра својот прв натпревар.

На домашен терен го пречека Винтертур и го победи со 3-2, но за тоа ѝ требаше многу мака и пресврт во финишот од натпреварот. Гостите два пати водеа, прво по голот на Бејер во 43., а потоа на Гомис во 64. минута. Во меѓувреме Диаките израмни, а во 81. минута Сене се погрижи за 2-2. Голот за триумф на Лозана беше дело на Диаките во 93. минута.

Лозана в четврток ја очекува реванш дуелот против Вардар, од второто квалификациско коло за Конференциската лига. Првиот меч, пред три дена во Скопје заврши со победа на нашиот претставник со 2-1.