
Мотоциклот на Михаел Шумахер се продава за багатела
Станува збор за модел Хонда од 2010 година кој Шумахер го користел за приватни возења на патеките. Возилото не е обично, туку е специјално прилагодено за шампионот кој стана славен во Формула 1. Заедно со него, оди и специјален додаток, потпишани ракавици од марката Шуберт.
Мотоциклот поминал само 3.752 километри што го прави исклучително сочуван примерок. Оттука е големо изненадување неговата почетна цена која изнесува само 23 илјади евра. Таа сума е значително пониска од сето она што се врзува со името на Шумахер, но нема да биде изненадување ако на аукција достигне далеку повисока вредност.