
Се подготвува бомба во Париз: ПСЖ го продава Донарума
Преговорите околу продолжувањето на соработката застанаа и неизвесно е дали ќе дојде до договор, но „светците“ се расположени да преговараат за трансфер на Донарума. Актуелниот договор истекува на крајот од претстојната сезона и ако летово ПСЖ не го продаде, може да остане без никаков профит од него.
Наводно, Галатасарај е заинтересиран за Донарума и право напори да го донесе во своите редови, но малкумина веруваат дека може да му понуди годишна плата од 12 милиони евра, колку што тој заработува во ПСЖ. Имаше информации дека Јувентус и Милан би тргнале по него, ама дури и тие не се толку финансиски моќни.
Галатасарај летово веќе ги купи Виктор Осимен и Лерој Сане, а претходно се обиде да ги донесе и Мајк Мењан од Милан и Едерсон од Манчестер Сити.