Бадијала интересот од Рома, Елмас е заинтересиран само за Торино

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се уште не знае каде ќе игра претстојната сезона и покрај тоа што се уште е член на Лајпциг.

Оваа недела италијанските медиуми објавија дека за него е заинтересирана Рома, нашиот фудбалер и натаму е во неизвесност. На Апенинскиот полуостров тврдат дека негова единствена желба е да остане во Торино каде настапуваше последната како позајмен играч.

Покрај Рома, заинтересирани за Елмас се уште неколку италијански клубови, но се очекува потегот од газдата на Торино, Урбано Каиро.