
Милан ја испрати последната понуда за „кумановецот“ Јашари - на потег е Бриж!
Сепак, Клуб Бриж се покажа како тежок преговарач и долго не им попушта на „росонерите“ и бара 40 милиони евра. Откако неколку понуди беа одбиени, сега последната на Милан е 35 милиони евра, плус уште неколку низ бонуси.
Спортскиот директор Игли Таре кажа дека за „росонерите“ ова е најдалеку што можат да одат за трансферот на Јашари, префрлајќи ја топката во дворот на Белгијците.
Доколку не ја прифатат понудата од Клуб Бриж, голема е веројатноста Милан да се откаже од преговорите, а „жртва“ ќе биде Јашари кому трансферот му е исполнување на детскиот сон.