Погачар ја продолжи доминацијата, Словенецот уште еднаш го освои Тур де Франс!

Словенечкиот велосипедист, Тадеј Погачар по четврти пат триумфираше на Тур де Франс откако денеска ја завери победата добивајќи ја директната битка со ривалот Јонас Вингегор.

Погачар покажа дека е еден од најдоминантните велосипедисти во последните две децении. Словенецот денеска мирно прв мина низ целта и како првопласиран во генералниот пласман дојде до престижниот трофеј.

Вкупната предност на Погачар пред Вингегор во генералниот пласман беше 4 минути и 24 секунди. Место на подиумот имаше и за Германецот Флоријан Липовиц.

Фото: EPA Photo