
Најомразениот фудбалер во Ливерпул и дефинитивно нема да се врати на Енфилд!
Луис Диаз за кратко време од миленик стана најомразен фудбалер во Ливерпул откако на денот на погребот на Диого Жота се забавуваше во ноќен клуб во Колумбија.
Стана јасно дека Диаз не смее да се врати во Ливерпул, па тој побара да замине. Жлебата му ја оствари Баерн Минхен.
Денеска Баерн и Ливерпул се договорија за трансфер на Луис Диаз вреден 75 милиони евра.
Колумбиецот ќе потпише четиригодишен договор со Баварците, а процедурата за официјализирање на трансферот ќе почне од утре.