Калц стана тренер на Шкендија Арачиново!

Новиот второлигаш, Шкендија Арачиново го назначи Љупчо Марковски - Калц за нов тренер на првиот тим.

58-годишниот стратег, Љупчо Марковски - Калц ова лето реши да го напушти ФК Скопје и да ја прифати понудата на Шкендија Арачиново.

„Многу сум среќен што дојдов во сериозен клуб како Шкендија. Заедно со директорите и фудбалерите ќе работиме пасионирано да го кренеме овој клуб уште повисоко“, рече Калц.

Тој најголемиот дел од тренерската кариера го мина во Скопје, а работеше и во Работнички и Тетекс. Беше тренер и во академијата на Вардар.