Мареска троши уште 100 милиони евра: Челси е на чекор до потпис со двајца Холанѓани

Освојувачот на Конференциската лига и Светското клупско првенство, Челси продолжува со засилувањата за следната сезона, па наскоро се очекува да бидат потврдени трансферите на Чави Симонс и Џорел Хато.

Двајцата Холанѓани веќе некое време се желба на „сините“, кои почнаа преговори со нивните клубови, а новинарот Фабрицио Романо објави дека истите се во завршна фаза и се очекува потврда.

Хато ќе го чини премиерлигашот околу 40 милиони евра, додека Симонс се очекува да биде платен 60 милиони евра, што значи тренерот Енцо Мареска ќе потроши дополнителни 100 милиони на засилувања ова лето.