
Уапсен кошаркарот кој му се закануваше на Јокиќ и бараше „ферка“ со неговите браќа!
Агентот на Морис, Јони Ној, објасни дека станува збор за неплатен долг во казино, а не за измама.
„Нема никакви лажни чекови или криминални дејства, како што некои медиуми пренесуваат. Станува збор за кредитен маркер што не е отплатен. Во Невада, ако должите повеќе од 1.200 долари, може да се издаде потерница за апсење. Апсолутно лудо!“, изјави агентот.
Морис има 14-годишна кариера во НБА, за време на која настапи за осум различни тимови. На 832 одиграни натпревари постигнуваше во просек по 12 поени. Последната сезона ја заврши без ангажман. Тој е познат и по конфликтот со српскиот кошаркар Никола Јокиќ, со кого имаше физички дуел пред неколку сезони на паркетот. Напнатоста меѓу нив повторно беше во фокусот на јавноста неодамна, кога Маркус и неговиот брат Маркиз го предизвикаа Јокиќ и неговите браќа, Страхиња и Немања, на боксерски дуел.