Уште една трагична вест, загина атлетичар на 43 години!

Светската атлетика тагува за полскиот олимпиец Роберт Волски, скокачот во височина кој го загуби животот на 43 година во тешка сообраќајна несреќа.

Волски почина во петокот на 2 јануари, неколку дена по сообраќајната несреќа која се случила на 26 декември.

Тој веднаш бил пренесен во болница со хеликоптер, докторите со денови се бореле за животот на атлетичарот, но битката била загубена.

„Полската атлетска федерација е со неизмерна тага и болка ја прими веста за смртта на Роберт Волски, олимпиецот од Атина и полски репрезентативец во скок во височина. Почивај во мир“, стои во соопштението на федерацијата.