
„Сергеј Бубка веќе не постои за нас Украинците!“
Бубка е роден во Луганск во 1963 година, еден од регионите кои од 2014 година се отцепија од Украина и прогласија независност, а каде се водат жестоки борби на долгата линија на фронтот после стартот на руската агресија пред повеќе од година ипол. Славниот Украинец прво настапуваше под знамето на СССР, а потоа под тоа на Украина, но иако е една од најголемите спортски легенди на својата зема, не е баш омилен кај народот во овие тешки времиња.
„Јас сум многу горда на Сергеј Бубка како атлетичар, како човек кој одбележа една ера, зашто поставуваше бројни светски рекорди и уриваше граници, но не ми се допаѓа како личност. Кога почна војната, не зазема ниту една страна. Можам да кажам, дека за нас спортистите од Украина, ама и во глобала за секој Укринец, тој веќе не постои“, објави Јарослава Магичук, младата талентирана украинска атлетичарка во скок во височина.
Украина веќе една голема легенда избриша од својата историја, долгогодишниот капитен Анатолиј Тимошчук, кој работи во руски Зенит.