Атлетската федерација на Македонија ги подели наградите за најдобрите атлетичари за 2022 година во која се поставија дури 25 нови национални рекорди.

На свечена церемонија, денеска беа прогласени најдобрите македонски атлетичари. Адријана Поп Арсова и Јован Стојоски ги добија главните награди, за најдобар клуб беше прогласен Делта од Скопје. Награда за животно дело доби Ѓорѓи Вучков.
 
Наградите за најдобрите во атлетиката за 2022:
 
Млади пионери: Ева Митевска и Мухамед Велии
Пионери: Лина Исени и Брајам Авија
Млади младинци: Сара Османовска и Владимир Битољану
Младинци: Натура Мало и Огнен Стефановски
Сениори: Адријана Поп Арсова и Јован Стојоски
Најуспешен атлетски клуб: Делта од Скопје
Награда за особен придонес: Филип Колевски
Награда за животно дело: Ѓорѓи Вучков