Шпанците тврдат: Реал Мадрид договорил големо засилување
Договорот на одличниот фудбалер со Ливерпул му истекува на крајот од сезоната, но извесно е дека нема да биде продолжен, па од 1 јануари тој би бил слободен да потпише договор со Реал Мадрид.
Според информациите на „Марка“ Арнолд веќе ги известил челниците на Ливерпул дека нема намера да ја продолжи соработката, а истовремено „АС“ тврди дека неговиот трансфер во Мадрид е 90% завршена работа.
🚨 Trent Alexander-Arnold has PERSONALLY informed Liverpool in the last few days that he wants to join Real Madrid. @marca pic.twitter.com/rPbnuS5Xz0
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 28, 2024
Операцијата била забрзана во последните недели и наводно голема улога одиграл пријателот на Арнолд, Џуд Белингем кој втора сезона успешно го носи дресот на „кралевите“.
Сепак, треба да се знае дека иако договорот би бил потпишан, Арнолд во таборот на гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ би се преселил на лето.
Во актуелната сезона зад своето име Арнолд има 22 натпревари во сите натпреварувања со уште пет асистенции.
🚨 BREAKING: Alexander Arnold’s signing is at 90%, practically DONE. He has a foot and a half in Real Madrid. @diarioas pic.twitter.com/8qDKDms2UY
— Madrid Xtra (@MadridXtra) December 29, 2024