По повеќе од два месеца - Сити победи на гостински терен (ВИДЕО)

Англискиот првак Манчестер Сити за момент заборави на катастрофалните резултати и се израдува на триумф на гостувањето кај Лестер.

„Граѓаните“ последен пат во рамките на Премиер лигата славеа на 4 декември на домашен терен против Нотингем Форест, а денеска го совлада Лестер на гости со 2-0. Тоа е прв триумф за Сити надвор од својот стадион по повеќе од два месеца, односно по 20 октомври кога го победи Вулверхемптон со 2-1.

Херој на денешниот меч беше Савињо кој постигна еден и асистираше за уште еден гол на неговиот тим. Погоди во 21. минута кога прифати една одбиена топка и ја смести во мрежата на Лестер, а во 74. минута центрираше до Халанд кој го постави конечниот резултат.