Левандовски му се заканил на Лапорта дека ќе замине од Барселона!?

Роберт Левандовски игра одлично во дресот на Барселона, но неговиот статус не е сигурен затоа што претседателот Жоан Лапорта следното лето сака да купи нов напаѓач.

Левандовски има 36 години, но и покрај тоа во првиот дел од сезоната на 24 меча постигна 23 голови и две асистенции.

Полјакот има договор со каталонскиот тим до јуни 2026 година, но постои можност да замине следното лето, по шпекулациите дека Барселона ќе тргне по засилување во нападот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Левандовски наводно му се заканил на Лапорта на состанокот дека ќе замине од Барселона доколку тимот реши да тргне по нов напаѓач.